Зелениот картон е проширување на осигурувањето надвор од територијата на Република Северна Македонија. И оваа полиса е задолжителна и мора да ја поседувате кога со возилото ја напуштате државата.
Зелениот картон е гаранција дека, во случај на штета во странство во која учествува вашето возило, штетата ќе биде надоместена, без разлика дали сте причинител на незгодата или оштетен.
Премијата за зелениот картон зависи од силината на моторот кај патничките возила, додека кај товарните возила е фиксна.
