ул. Франклин Рузвелт бр. 35/1, 1000 Скопје Понеделник – Петок, 08–16 часот [email protected]

Домот е јадрото на секое семејство

Домаќинско осигурување

Го покрива градежниот дел на домот и предметите во него, по пакет што ви одговара.

Домот е јадрото на секое семејство. Имајќи предвид колку е потребно за да дојдете до дом по мерка на вашето семејство, јасно е дека неговата сигурност треба да биде еден од врвните приоритети.

Затоа постои домаќинското осигурување, креирано според вашите потреби и можности. Ги покрива најголемиот дел од ризиците за градежниот дел на домот, како и за предметите во него, во зависност од пакетот за кој ќе се одлучите.

Основни ризици:

  • Пожар
  • Експлозија
  • Поплава од излевање вода од водоводна и канализациона инсталација
  • Временски непогоди (град, луња)
  • Манифестации и демонстрации
  • Одговорност кон трети лица (соседи)
  • Нужно сместување

Дополнителни ризици, со дополнителна премија:

  • Поплава
  • Земјотрес
  • Лизгање и одронување на земјиште

Дознајте колку ќе чини вашата полиса за домаќинско осигурување и која компанија го има најсоодветниот пакет со најдобри покритија за вас. Компарирај, не комплицирај!

Не знаете која полиса ви треба?

Јавете ни се или пишете ни. Ќе ги споредиме понудите и ќе ви ја предложиме полисата што најмногу ви одговара.