ул. Франклин Рузвелт бр. 35/1, 1000 Скопје Понеделник – Петок, 08–16 часот [email protected]

Задолжително за секое возило

Автоодговорност

Задолжителна полиса за учество во сообраќајот: ве покрива за штетите што би ги нанеле на трети лица.

Со полисата за автоодговорност се осигурува одговорноста на сопственикот, односно корисникот на моторното возило, за штетите што ќе ги причини на трети лица со користење на возилото.

Со оваа полиса сте покриени за сите материјални и нематеријални штети што би ги нанеле на други учесници во сообраќајот поради сопствена грешка, и со тоа сте заштитени од трошоците за надомест на штета на оштетената страна. Тоа е обврска на осигурителната компанија од која сте ја избрале полисата.

Полисата за автоодговорност е задолжителна за учество во сообраќајот. Со неа поминувате на технички преглед и добивате печат во сообраќајната дозвола, кој потврдува дека возилото е регистрирано.

Не знаете која полиса ви треба?

Јавете ни се или пишете ни. Ќе ги споредиме понудите и ќе ви ја предложиме полисата што најмногу ви одговара.