ОНЕ БРОКЕР АД Скопје е осигурително брокерско друштво основано на 10.10.2017 година, со лиценца за вршење осигурително брокерски работи број УП.19-1-258, издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување. ОНЕ БРОКЕР има покритие за одговорност од дејноста од 250.000,00 евра.
ОНЕ БРОКЕР нуди независни услуги при посредување во осигурување, како за поединци, така и за правни лица.
Без разлика дали се соочувате со стандардни ризици или со нешто посложено, ние можеме да обезбедиме широк спектар осигурителни производи, приспособени на вашите потреби.
Нашата цел е да се чувствувате сигурно.
Тимот
ОНЕ БРОКЕР е основано од акционери кои се докажани професионалци и ги вршат функциите брокери и извршни директори.
Нашиот тим се состои од стручни лица со долгогодишно искуство во осигурувањето, целосно посветени на квалитетна и комплетна услуга за сите наши клиенти, физички и правни лица. Брокерите со лиценца се наведени во Регистарот на брокери.
