Домот е јадрото на секое семејство. Имајќи предвид колку е потребно за да дојдете до дом по мерка на вашето семејство, јасно е дека неговата сигурност треба да биде еден од врвните приоритети.
Затоа постои домаќинското осигурување, креирано според вашите потреби и можности. Ги покрива најголемиот дел од ризиците за градежниот дел на домот, како и за предметите во него, во зависност од пакетот за кој ќе се одлучите.
Основни ризици:
- Пожар
- Експлозија
- Поплава од излевање вода од водоводна и канализациона инсталација
- Временски непогоди (град, луња)
- Манифестации и демонстрации
- Одговорност кон трети лица (соседи)
- Нужно сместување
Дополнителни ризици, со дополнителна премија:
- Поплава
- Земјотрес
- Лизгање и одронување на земјиште
Дознајте колку ќе чини вашата полиса за домаќинско осигурување и која компанија го има најсоодветниот пакет со најдобри покритија за вас. Компарирај, не комплицирај!
