Со полисата за автоодговорност се осигурува одговорноста на сопственикот, односно корисникот на моторното возило, за штетите што ќе ги причини на трети лица со користење на возилото.
Со оваа полиса сте покриени за сите материјални и нематеријални штети што би ги нанеле на други учесници во сообраќајот поради сопствена грешка, и со тоа сте заштитени од трошоците за надомест на штета на оштетената страна. Тоа е обврска на осигурителната компанија од која сте ја избрале полисата.
Полисата за автоодговорност е задолжителна за учество во сообраќајот. Со неа поминувате на технички преглед и добивате печат во сообраќајната дозвола, кој потврдува дека возилото е регистрирано.
