• ул. Франклин Рузвелт бр.35/1, Скопје
  • info@onebroker.mk
  • Работо време: 08-16 часот
Thumb

Доброволно приватно здравствено осигурување

Изборот на доброволно приватно здравствено осигурување е првиот чекор кон обезбедување подобра грижа за Вас и за Вашите најблиски.

Со ова осигурување се покриваат трошоците за специјалистички здравствени услуги, дијагностицирање и лекување во приватните здравствени институции, како и услугите кои што не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се обезбедуваат во јавните здравствени институции.

Осигуреникот за да може да направи полиса за приватно здравствено осигурување мора најпрво да биде член за ФЗОМ.

 

Со приватно здравствено осигурување се покриваат трошоците за следниве здравствени услуги:

*Болничко лекување со хоспитализација;

*Дневна болница и дневна хирургија;

*Основни дијагностички мерења, снимања;

*Специјалистички прегледи;

*Лабораториски анализи и испитувања;
*Амбулантска рехабилитација;

*Амбулантски интервенции;

*Комплексни дијагностички постапки;

*Трошоци во случај на оперативни зафати во согласност со Листата на операции.

*Тешки болести согласно листата на тешки болести.