• ул. Франклин Рузвелт бр.35/1, Скопје
  • info@onebroker.mk
  • Работо време: 08-16 часот
Thumb

Домаќинско осигурување

Домот е јадрото на сечие семејство.

Имајќи го тоа во предвид, како и фактот колку е потребно да дојдете до дом, а пред сѐ до живеалиште кое е по мерка на вашето семејство, јасно е дека сигурноста на домот треба да биде еден од врвните приоритети на секое семејство.

Затоа постои домаќинското осигурување, креирано според Вашите потреби и можности кое ги покрива најголемиот дел од ризиците кои се однесуваат на градежниот дел на домот, како и предметите кои се во него, во зависност од пакетот за кој Вие ќе се одлучите.

 

Домаќинското осигурување вклучува осигурување од следните основни ризици:

  • Пожар
  • Експлозија
  • Поплава од излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација
  • Временски непогоди ( град, луња)
  • Манифестации и демонстрации
  • Одговорност кон трети лица (соседи)
  • Нужно сместување

 

*Дополнителни ризици со дополнителна премија:

  • Поплава
  • Земјотрес
  • Лизгање и одронување не земјиште

Дознај колку ќе чини твојата полиса за домаќинско осигурување и која компанија го има најсоодветниот пакет со најдобрите покритија за тебе.

 

Компарирај, не комплицирај!