Зелен Картон
Зелениот картон е проширување на осигурувањето надвор од територијата на Р.С. Македонија. Оваа полиса исто така е од задолжителен тип на осигурување и истата мора да ја поседувате кога со возилото ја напуштате државата.
Зелениот картон претставува гаранција дека во случај на штета во која ќе има учество вашето возило во странство, штетата ќе биде надоместена без разлика дали сте причинител на незгодата или оштетен.
Премијата на полисата на зелената карта зависи од силината на моторот на патничкото возило, додека кај товарните возила е фиксна.