• ул. Франклин Рузвелт бр.35/1, Скопје
  • info@onebroker.mk
  • Работо време: 08-16 часот
Thumb

Автоодговорност

Со полисата за автоодговорност се осигурува одговорноста на сопственикот, односно корисникот на моторното возило за штетите кои ќе ги причини на трети лица со користење на возилото. Со оваа осигурителна полиса, Вие сте покриени од сите материјални и нематеријални штети кои ќе ги нанесете на други учесници во сообраќајот поради сопствена грешка и со тоа сте заштитени од трошоцитте за надомест на штета на оштетената страна (тоа е обврска на осигурителната компанија од која сте ја одбрале Вашата полиса).

 

Полисата за автоодговорност е полиса која треба задолжително да ја извадите за учество во сообраќајот. Со оваа полиса поминувате на технички преглед и добивате печат во сообраќајната дозвола која потврдува дека вашето возило е регистрирано.